Top Sport

Докторката Гамеева им забрани секс на играчите на Спартак

Спартак Москва вечерва ќе се обидат да ги завршат надежите на Ливерпул за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, а клупската докторка Викторија Гамеева има рецепт за тоа – забрана на секс пред натпреварот.

Гамеева им порачала на фудбалерите да се воздржат од секс неколку дена пред денешниот меч на „Енфилд“.

„Од медицинска гледна точка, погледот дека сексот стимулира способност за работа важи само за жените. Во борачките дисциплини се случува спортистка да се бори само пет или десет минути по секс и резултатите би биле подобри. Но, за мажите работата е целосно обратна. Тие треба да избегнуваат секс два или три дена пред секој фудбалски меч“, вели атрактивната Гамеева, која е вистинска ѕвезда на Инстаграм.

Спартак мора да победи и да ја поништи предноста на Ливерпул од +7 во гол-разлика, или да се надева дека Севилја ќе загуби поени против „отпишаниот“ Марибор.

Scroll to Top