На досегашните 20 светски првенства во фудбал, на отворањето, ниту еден од домаќините не забележал пораз. Домаќините на стартот одиграле 21 натпревар (Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година заеднички го организираа СП), забележале 15 победи, а шест пати одиграче нерешено.
Со победа не стартувале единствено Јужна Африка (2010), Јапонија (2002), САД (1994), Шпанија (1982), Мексико (1970) и Англија (1966).
Интересно најмногу натпревари на стартот на мундијалите против домаќинот има одиграно Белгија. Три пат Белгија играала на старот и само една успеала да остане непоразена во 2002 против Јапонија (2:2). Претходно Белгијците губеле од Мексико во 1986 (2:1) и од Франција во 1938 (3:1).
Првите натпревари на домаќините на СП:
СП 2014 Бразил: Бразил-Хрватска 1-0
СП 2010 Ј.Африка: Јужна Африка-Мексико 1-1
СП 2006 Германија: Германија-Костарика 4-2
СП 2002 Јапонија/Кореја: Ј.Кореја-Полска 2-0, Јапонија-Белгија 2-2
СП 1998 Франција: Франција-Јужна Африка 3-0
СП 1994 САД: САД-Швајцарија 1-1
СП 1990 Италија: Италија-Австрија 1-0
СП 1986 Мексико: Мексико-Белгија 2-1
СП 1982 Шпанија: Шпанија-Хондурас 1-1
СП 1978 Аргентина: Аргентина-Уругвај 2-1
СП 1974 Германија: СР Германија-Чиле 1-0
СП 1970 Мексико: Мексико-СССР 0-0
СП 1966 Англија: Англија-Уругвај 0-0
СП 1962 Чиле: Чиле-Швајцарија 3-1
СП 1958 Шведска: Шведска-Мексико 3-0
СП 1954 Швајцарија: Швајцарија-Италија 2-1
СП 1950 Бразил: Бразил-Мексико 4-0
СП 1938 Франција: Франција-Белгија 3-1
СП 1934 Италија: Италија-САД 7-1
СП 1930 Уругвај: Уругвај-Перу 1-0