Top Sport

Донадони доби отказ по само 4 кола во Кина

Поранешниот италијански фудбалски селектор, Роберто Донадони ја напушти клупата на кинескиот прволигаш Шензен по само 4 одиграни кола сезонава.

На тие 4 средби Шензен трипати беше поразен.

Донадони на клупата на овој тим е од минатата година кога го замени Хуан Рамон Лопез Цара кој го внесе тимот во првата лига, но на 14 средби оствари само 2 победи.

Досегашниот асистент на Донадони, Жанг Хиаруи ќе биде в.д тренер додека не биде поставен нов предводник.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');