Тренерот на Болоња, Роберто Донадони беше лут на судијата по поразот од 3:1 од Наполи, посочувајќи дека домаќините добиле пенал „кој се суди само на клубовите во топ 8“.
Родриго Паласио постигна гол по само 25 секунди на „Сан Паоло“, но Дрис Мертенс врати со гол од пенал за влечењето на Адам Масина, а Болоња сметаа дека се оштетени и по играњето на рака на Калиду Кулибали.
„Кога играш добро, кога работиш напорно, секако дека си разочаран. Судијата ми кажа дека не треба да се троши време со ВАР и затоа сам ја направи проценката. Кога побарав да ми објасни, тој ми кажа дека не може да го оцени интензитетот на контактот. Судијата треба да го направи токму тоа. Како да бев на некоја друга планета. Таков пенал се суди само на тие меѓу најдобрите осум, но не и на другите“, вели Донадони.