Top Sport

Донарума останува во Милан, за 6 милиони евра годишно

Италијанскиот чувар на мрежата, Џанлуиџи Донарума (21) ќе го продолжи договорот со калчолигашот Милан, јавуваат италијанските медиуми.

Договорот на Донарума со „Росонерите“ е до јуни 2021 година, а преговорите за продолжување на соработката започнаа. Голманот нема да прифати намалување на платата која изнесува 6 милиони евра годишно.

Италијанецот и неговиот агент се во центарот на вниманието уште од минатата година, затоа што Донарума сакаше да го напушти клубот, но ситуацијата сега се промени.

Популарниот Џиџи сака да остане во Милан иако речиси сите фудбалски великани се заинтересирани за неговите услуги.

Местото во првиот тим на клубот од „Сан Сиро“ го доби уште на 16 години и оттогаш е незаменлив.

Италијанските медиуми шпекулираат со нов 5-годишен договор со италијанскиот голман.

Scroll to Top