Top Sport

Донарума со „подарок“ ги врати Реал Мадрид во игра!

Големиот кикс на Џанлуиџи Донарума успеа да ги врати Реал Мадрид во „живот“ во последните половина час игра на „Бернабеу“, откако Карим Бензема безмилосно ја казни авантурата на италијанскиот голман во 61. минута за 1:1 во дуелот со Пари Сен-Жермен.

Џабе беше протестот на Донарума дека бил фаулирал од Французинот.

Овој резултат се уште го носи ПСЖ во четврт-финалето по нивната 1:0 победа во Париз, но сега иницијативата е на страната на „кралевите“ по подоброто прво полувреме за гостите.

Scroll to Top