Навивачите на Милан не можат да се помират со заминувањето на голманот Џанлуиџи Донарума во ПСЖ. Договорот што го имаше со Милан на Донарума му истече во јуни, а откако не успеа да постигне договор околу финансиските услови тој се пресели во ПСЖ.
Најекстремните фанови на Милан, вчера, воочи натпреварот со Каљари, пред клупскиот тренинг центар, закачиле транспаренти со заканувачки пораки.
„Донарума: Не ги заборавам предавниците, внимавај кога кога се враќаш во Милано“ и „Донарума, неблагодарно копиле, полош си дури и од Леонардо“.
Донарума, на 16-годипна возраст дебитираше за сениорскиот тим на Милан. Во кариерата настапил на 251 натпревар за славниот клуб.
Новиот голман на ПСЖ беше прогласен за најдобра играч на Европското првенство, на кои Италија ја освои титулата.
C'est grave ce qui s'est passé samedi devant le centre d'entrainement du #Milan. Deux banderoles contre #Donnarumma
"D, bâtard ingrat, tu es encore plus dégoutant que Leonardo"
"D, les infâmes nous on ne les oublie pas, fais attention quand tu promeneras à Milan"cc #teamPSG pic.twitter.com/F0fMaKTBgC
— Thierry Cros (@tcros) August 30, 2021