Top Sport

Доријан Бабунски погоди, но Дебрецен загуби во првенството на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски го постигна третиот гол за Дебрецен откако оваа зима направи трансфер во познатиот унгарски прволигаш. Тој беше стрелец на вториот погодок за Дебрецен во поразот (4:2) на гости против Хонвед.

Браќата Бабунски беа стартери во тимот на Дебрецен, Доријан Бабунски се запиша и во листата на стрелците во 58.минута, а пред крајот беше и заменет.

Дебрецен по овој пораз се наоѓа на осмата позиција на табелата со 28 бода.

Scroll to Top