Борусија Дортмунд минатото лето се обиделе да го добијат младиот талент на Манчестер јунајтед Мејсон Гринвуд како замена за Џејдон Санчо минатото лето, тврди „ЕСПН“, но „ѓаволите“ едноставно кажале дека напаѓачот не е на продажба.
Јунајтед не го напуштија интересот за Санчо ниту оваа сезона, откако Англичанецот постигна 14 гола и 15 асистенции во 23 настапи оваа сезона. 20-годишниот Санчо пристигна во Дортмунд од Манчестер сити во 2017 година, но односите со првите луѓе на клубот и честите дисциплински мерки кои тие го преземаат кон него го носат блиску до Премиер лигата.
„Ѓаволите“ пак, сметаат дека Гринвуд е еден од фудбалерите кои требаа да бидат иднина на клубот и го обврзаа со доглогодишен договор откако оваа година има постигнато дури 12 гола, со што е втор стрелец во тимот по Маркус Рашфорд.