Top Sport

Дортмунд го „грабнуваат“ талентот на Челси, Вебстер

Борусија Дортмунд се подготвени да го осигураат трансферот на младиот фудбалер на Челси, Чарли Вебстер, верувајќи дека во 16-годишниот фудбалер од средниот ред е „следниот Џејдон Санчо“.

Тинејџерот Вебстер веќе има настапи за англиската репрезентација до 16 години, а на турнирот организиран од Кевин де Брујне во Белгија ја освои наградата за најдобар млад фудбалер минатото лето.

Според „Сан“, БВБ добиле информација дека Вебстер е подготвен за трансфер, а „милионерите“ секогаш имале „нос“ за млади таленти кои подоцна ги продавале за големи пари, како што се очекува со случајот со Санчо, за кој иронично прв кандидат е токму Челси. Санчо дојде во Германија од Манчестер сити, кои не сметаа дека тој е доволно голем талент за да биде заддржан во тимот за 8 милиони фунти во 2017 година.

Дортмунд претходно оваа сезона го направија трансферот на младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд од Ред бул Салцбург, кој врати со блескава форма на теренот во првиот тим.

 

Scroll to Top