Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк е сигурен дека Марко Ројс ќе остане играч на тимот уште многу години и покрај шпекуалциите дека Германецот сака трансфер.
Ројс, кој дојде во БвБ од Борусија Менхенгладбах во 2012 година, има договор со тимот од Дортмунд до крајот на сезоната 2018/19. 28-годишниот напаѓач минатиот месец во интервју призна дека размислувал за следен клуб во кој би бил на највисоко ниво. Цорк не верува дека тоа ќе се случи.
„Ние го гледаме Марко со нас на долги патеки. Не размислуваме на иднина без него“, изјави Цорк.
Ројс уште нема настап оваа сезона поради опоравувањето од скинатите лигаменти во коленото добиени на финалето на Германскиот куп. Тој неодамна имаше емотивно обраќање до јавноста во кое изјави дека „би ги дал сите пари на светот“ само да може повторно да игра фудбал.