Иако шпекулациите за можен трансфер на Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед во Борусија Дортмунд носат „неверојатен број на кликови“, бундеслигашот не се одлучува за трансфер само поради дигиталните бројки, вели спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел.
По вестите дека Роналдо сака да замине од „Олд Трафорд“ со него се поврзуваа речиси сите големи европски клубови, за во последните денови најгласни да се шпекулациите за трансфер на „Сигнал Идуна парк“. Но, од Дортмунд ова го демантираат.
„Кристијано Роналдо нема да дојде во Борусија Дортмунд. Тоа останува така. Бројките на кликови најверојатно беа огромни во послените неколку дена, но ние ги демантиравме сите шпекулации. Кристијано е несомнено фантастичен фудбалер, но ако велите дека недостасува на Бундеслигата, тоа не е проблем на Борусија Дортмунд“, вели Кел за „Спорт 1“.