Top Sport

Дортмунд подготвени да му дадат шанса на Ериксен

Борусија Дортмунд се најсериозната дестинација за данскиот фудбалер од средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен веќе во јануари, тврди „Тутомеркато“.

Германскиот клуб беше заинтересиран за Данецот уште во октомври, понудувајќи договор за позајмица, но ова не се оствари поради побарувањата на италијанскиот клуб.

28-годишниот Ериксен има само три старта и вкупно пет настапи во Серија А оваа сезона, влегувајќи во продолжен конфликт со тренерот Антонио Конте, а генералниот директор на клубот, Бепе Марота во неделата призна дека тој може да замине во јануари.

Scroll to Top