Борусија Дортмунд со неверојатни 7:0 го „прегази“ тимот на Нирнберг во петтото коло на Бундеслигата да се доближи на само два поени зад шампионот Баерн Минхен.
Неверојатниот меч на „Сигнал Идуна парк“ започна со головите на Ројс и Ларсен во првото полувреме, за во второто, „милионерите“ да додадат уште пет гола во мрежата на несреќниот Фабијан Бредлов.
БУНДЕСЛИГА, 5.КОЛО
Фортуна Диселдорф – Баер Леверкузен 1:2
Борусија Менхенгладбах – Ајнтрахт Франкфурт 3:1
Борусија Дортмунд – Нирнберг 7:0
Мајнц – Волфсбург 0:0
РБ Лајпциг – Штутгарт 2:0
Фото: ЕПА