Поранешниот фудбалер на Барселона и Тотенхем, Џовани Дос Сантос го очекува долга пауза од фудбалот по хорор-повредата на бутниот мускул по еден брутален старт во мексиканската Лига МХ помеѓу Америка и Гвадалахара.
30-годишниот Дос Сантос, кој има 106 настапи за мексиканската репрезентација, ја доби повредата на десната нога по стартот во првото полувреме од Антонио Брисено од Гвадалахара, по што доби драматична исеченица над коленото.
Според првите извештаи, Дос Сантос има фрактура на коленото поради стартот за црвен картон, но тој се јави со порака од болничката соба.
„Ви благодарам на сите за пораките и молитвите. Благодарам на Бога, сè помина најдобро. Ќе се вратам посилен“, напиша Мексиканецот.
Brutal to watch. Wild and reckless studs-up challenge from Briseño on Gio dos Santos, taking a sizable chunk out of his leg and leaving an open wound.
Painful and potentially serious injury for Gio.#ClásicoNacional #ClubAmérica #FuerzaGio pic.twitter.com/xEaDgC1XFQ
— Joga Bonito (@Jasoninho10) September 29, 2019