Top Sport

„Досадниот“ Милнер со ножички и линијар го средуваше тревникот (видео)

Ветеранот на Ливерпул, Џејмс Милнер си најде „занимација“ за време на изолацијата поради корона вирусот, поставувајќи интересни соддржини на социјалните мрежи и промовирајќи го својот епитет на „досадниот Милнер“.

Во понеделникот, 34-годишниот Милнер објави видео на кое ги средува своите кесички чај во кујната, а денеска објави видео во кое ја средува тревата во својот двор со ножички и линијар.

„Откако кесичките за чај се средени, имам време да го средам овој тревник. Не знам дали смеам да го позајмам знакот од ’Енфилд’ на кој пишува: ’Не гази на тревата’“, напиша Милнер.

Scroll to Top