Светското првенство во Русија е на добар пат да стане рекордно по бројот на доделени пенали, посебно со интервенцијата на ВАР системот.
Голот кој Еден Азар го постигна во првото полувреме во мечот Белгија-Тунис беше 13. на турнирот во првите 27 меча (некомплетни) од кои 10 беа реализирани. Во Бразил пред четири години имаше 13 пенали на целиот турнир, додека рекордот е од СП во 2002 година, кога беа досудени 18 пенали.
Улогата на ВАР системот има огромно влијание во Русија, бидејќи шест од овие пенали беа досудени по консултација со видео-снимките. Еден пенал прво беше досуден, а потоа откажан, откако Нејмар беше фаулиран од Костариканците во петочниот меч.
Одговорниот на ФИФА за судење, Масимо Бусака, и пред турнирот изјави дека ВАР системот нема да биде совршен, со многу фрустрирачки моменти и непостојаност во одлуките, кои исфрустираа некои тимови.
Бразил, Англија и Србија беа тие кои сметаа дека ВАР системот требаше да се користи за одредување на пенали во нивните мечеви, додека Берт ван Марвајк, селекторот на Австралија се пожали дека поразот од Франција е директна последица на ВАР системот.
ВАР може да се користи само за одредување на голови, пенали, црвени картони и погрешен идентитет. За слободни удари ВАР не влегува во игра.
Фото: ЕПА