Top Sport

Досуди пенал иако во шеснаесетникот немаше ниту еден фудбалер

Шпанскиот фудбалски судија Игнасио Иглесиас Виланова очигледно не е во форма. Судијата кој направи голема грешка на натпреварот помеѓу Валенсија и Барселона, кога не го виде голот кој го постигна Лео Меси, на Куп натпреварот помеѓу Еспањол и Тенерифе направи уште поголема грешка, досуди пенал, иако во шеснаесетникот немаше ниту еден фудбалер.

Во неделата Иглесиас со своите помошници не го видоа моментот во 31.минута кога Меси постигна гол на дербито на „Местаља“. Во тој момент на дуелот Валенсија-Барселона немаше голови, а натпреварот на крајот заврши 1:1.

Пет дена подоцна Иглесиас направи уште една, поголема грешка, со која го спаси градскиот ривал на Барселона, Еспањол.

Еспањол го играше ревашот во Купот против Тенерифе, имаше негатива од еден гол, кога судијата му подари пенал. Ударот на Алваро Васкез со рака го сопре Жорге Саез на 18 метри од својот гол, а Иглесиас без размислување покажа на белата точка.

Морено го реализира пеналот со кој Еспањол израмни на 1:1. Натпреварот заврши со победа на Еспањол 3:2.

Scroll to Top