Top Sport

„Драго ми е што Меси остана, но на Барса ѝ треба многу повеќе“

Поранешниот напаѓач на Барселона Самуел Ето е среќен од одлуката на Лионел Меси да остане на „Ноу Камп“.

Меси пред две недели изрази желба да го напушти клубот, но на крајот реши да остане до крајот на сезоната кога ќе му заврши договорот со Барселона.

„Лео ми е како син. Драго ми е што реши да остане“, рекол Ето.

„Сепак на овој тим му се потребни повеќе фудбалери кои б играле во стилот на Барселона, играчи кои играат тики-така. Сам по себе Меси не е доволен“.

Барселона минатата сезона не успеа да освои ниту еден трофеј, а лошата сезона кулминираше со катастрофалниот пораз од Баерн Минхен (8:2) во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top