Фудбалерот на Баер Леверкузен, Александар Драговиќ, го договорил својот трансфер во Црвена звезда.
„Преговорите помеѓу челниците на Црвена звезда и Драговиќ експресно добија позитивен епилог, фудбалерот кој е роден во Виена, реши да си го исполни детските сништа и да дојде на Маракана“, пишува „Спортски журнал“.
Овој извор наведува дека кога Драговиќ ќе пристигне во Црвена звезда тимот ќе го напуштат Милош Дегенег, Немања Милуновиќ или Радован Панков.
Драговиќ оваа сезона речиси и да не игра за Баер Леверкузен, а бидејќи неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната, тој во јануари ќе и биде позајмен на Црвена звезда, потоа доколку двете страни бидат задоволни, кога сезоната ќе заврши ќе потпише постојан договор.
„Спортски журнал“, пишува дека Драговиќ ќе има месечна плата од 40.000 евра.
Драговиќ е поранешен играч на Австрија Виена, Базел, Динамо Киев и Лестер. За Австрија одиграл 84 натпревари, постигнал еден гол.