Јулијан Дракслер вели дека морал да замине од Шалке во „поинаква околина“, откако критиките кои ги добивал како фудбалер на клубот од Гелзенкирхен му вршеле преголем притисок.
Германскиот репрезентативец успеа да се пробие во првиот тим на Шалке во 2011 година покрај легендата на Реал Мадрид, Раул и признава дека критиките го креирале неговиот карактер.
„Шалке не беше обичен клуб за мене. Имаше премногу фокус кон мене. Кога ќе загубевме, не слушав само од навивачите дека бев ср.ње туку и од моите соседи, моето семејство и пријателите на моите родители. Еднаш бев на родеден на мојот чичко и на забавата беше еден страствен навивач на Шалке кој ми кажуваше дека сум срање во текот на целата забава. Така зборуваат во областа Рур, не штедат зборови. Не им е грижа што имате 19 години и уште се развивате. На почеток се обидував да им вратам, но во основа на крајот свфатив дека можеби критиките се на место.