Top Sport

Дракслер пред неочекуван трансфер

Германскиот репрезентативец, Јулијан Дракслер, до крајот на преодниот рок со голема веројатност ќе ги напушти редовите на францускиот шампион, ПСЖ.

Дракслер, во јануари 2017 година, пристигна во Париз како големо засилување од Волфсбург, но не доби вистинска шанса да ги покаже своите квалитети. Најдобриот играч на Купто на конфедерации во 2017 година, во Русија, најчесто мечевите на ПСЖ ги започнува од клупата.

За ПСЖ има одиграно 71 натпревар, а успеал да постигне и 15 гола.

Вчера, некои медиуми шпекулираа дека 24-фудбалер би можел да заврши во Реал Мадрид, но денес се појави нова можна дестинација за Германецот што претставува вистинско изненадување.

Наводно, во Севилја биле сериозно заинтересирани за Дракслер, кој доколку пристигне на „Рамон Санчез Писхуан“, ќе претставува големо засилување за овој тим.

Прашање е само дали Дракслер би се согласил да игра во екипа што сезонава ќе се натпреварува во Лига Европа.

Scroll to Top