Хрватска загуби со 2:1 од Англија во последниот меч од групната фаза на Евро У-21, но на драматичен начин првпат во историјата влезе во четврт-финале.
Ѕвездата на Кристал палас, Еберечи Езе во 12. минута од пенал ги донесе Англичаните во водство, а Џонс го удвои водството во 74. минута, резултат со кој Хрватите беа во аут, откако Португалија со 3:0 ја победи Швајцарија.
Сепак, Домагој Брадариќ во 92. минута постигна фантастичен гол за да обезбеди на тимот на Игор Бишќан четврт-финале. Во четврт-финалето, Хрватите немаат лесен противник – актуелниот шампион Шпанија.