Синоќа во Белград двајца се обиделе да го киднапираат фудбалерот на Фиорентина, 20 годишниот Алекса Терзиќ.
Според српските медиуми во улицата „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград авотмобил „Ауди“ намерно удрил во возилото на Терзиќ „БМВ“. Кога фудбалерот излегол од своето возило двајцата напаѓачи се обиделе да го пикнат во багажникот.
Тој успеал да ги совлада и да им побегне.
Напаѓачите потоа решиле да му го украдат возилото, но на крајот биле уапсени од полициските службеници.
Алекса Терзиќ до оваа сезона играше за Црвена ѕвезда, а летово за 1,5 милиони евра се преселил во Фиорентина.