Top Sport

Драма во Лондон, Дефо со неверојатен гол (видео)

Ударот од белата точка на Кристијан Бентеке беше фатен од Асмир Беговиќ, за Кристал Палас да стигнат до 2:2 реми против Бурнемаут на супер-интересен меч на „Селхарст Парк“, кој исто така беше одбележан со одличниот гол на ветеранот Џермејн Дефо.

„Црешите“ поведоа преку Дефо по одличното додавање на Ендру Сурман, пред Палас да се вратат со два гола во три минути – Лука Миливоевиќ од пенал израмни, пред Скот Дан да донесе водство за Палас.

Тогаш на сцена стапи Дефо со фантастичен гол за израмнување пред крајот на првото полувреме. Во второто полувреме немаше голови, но не беше досадно.

Палас имаше повеќе шанси преку Дан и Бентеке, пред во 93. минута да биде досуден пенал. Белгиецот Бентеке, кој уште нема погодок во 11 натпревари оваа сезона и покрај сумата од 27 милиони фунти која ја платија од лондонскиот тим, имаше навистина мизерен обид кој беше одбранет од Беговиќ.

Scroll to Top