Top Sport

Драма во Лондон – Вест Хем спаси реми против Стоук (видео)

Енди Керол ги „спаси“ Вест Хем откако неговиот гол по крајот на 90-тите минути обезбеди 1:1 против Стоук сити во битка на два тима кои стравуваат од испаѓање во Премиер лигата.

Во нервозен меч, Стоук први дојдоа во водство во 79. минута откако силниот удар на Џердан Шаќири беше одбранет од Џо Харт, но замената Питер Крауч од блиску немаше проблем да ја постави топката во голот.

Вест Хем ја имаа контролата на играта пред голот, откако им беа поништени два гола поради офсајд, но успеаја да се вратат во играта со убавиот волеј на Керол во 92. минута. Уште поневеројатно „Чеканите“ потоа имаа уште еден поништен гол, но добија поен со кој се на 14. место со седум поени зад зоната за испаѓање, додека Стоук се „заглавени“ на 19. место.

Scroll to Top