Славниот бразилски фудбалски клуб Гремио, поставува нови стандарди во маркетинг-работењето.
На аеродромот „Салгадо Фиљо“, во Порто Алегре, низ кој дневни понуваат голем број на патници, на еден од најфреквентните терминали, од клубот поставиле автомат на кој може да се купи дрес на Гремио. Цената е иста како и во клупскиот фан-шоп.
Маркетинг-директорот на Гремио, Бето Карваљо, истакнал дека поставувањето на автоматот има за цел да ја подигне популарноста на клубот.
Гремио е трикратен освојувач на Копа Либертадорес. Сезоната 2018 во бразилскиот шампионат ја заврши на четвртото место.
Aeroporto Salgado Filho recebe a primeira Máquina Tricolor Express.https://t.co/MNPwGX8y48 pic.twitter.com/wPusuGeQVW
— Grêmio FBPA (de ?) (@Gremio) December 26, 2018