Јануарскиот преоден рок започна со големиот трансфер на Вирџил ван Дајк кој за 84,5 милиони фунти од Саутемптон се пресели во Ливерпул, а Атлетико ги официјализираше трансферите на Витоло и Диего Коста.
Меѓутоа овој преоден рок може да биде клучен за она што ќе се случува наредното лето, бидејќи на неколку одлични фудбалери договорите со нивните тимови им истекуваат во јуни и тие уште сега можат да преговараат со заинтересираните клубови.
Во центарот на вниманието ќе бидат тројца играчи на Манчестер јунјатед, двајцата најдобри фудбалери на Арсенал, но и играчи на Лацио, Шалке, Ливерпул…
Еве како изгледа идеалниот тим составен од фудбалери кои во јуни 2018 година ќе можат без обебсштетување да ги напуштат своите актуелни тимови.
Голман:
Кепа Аризабалага (Атлетик Билбао) проценета на 20 милиони евра
Одбрана:
Дејли Блинд (Манчестер јунајтед) проценет на 22 милиони евра
Стефан де Фрај (Лацио) проценет на 35 милиони евра
Емре Џан (Ливерпул) проценет на 22 милиони евра
Хуанфран (Атлетико Мадрид) проценет на 8 милиони евра
Среден ред:
Леон Горецка (Шалке) проценет на 40 милиони евра
Андер Ерера (Манчестер јунајтед) процент на 30 милиони евра
Месут Езил (Арсенал) проценет на 50 милиони евра
Напад:
Алексис Санчез (Арсенал) проценет на 65 милиони евра
Хуан Мата (Манчестер јунајтед) проценет на 30 милиони евра
Марио Балотели (Ница) проценет на 15 милиони евра