Top Sport

„Дрогба, Лампард и Тери плачеа кога Мурињо си одеше од Челси“

Фудбалерите на Челси тешко го поднеле заминувањето на португалскиот стратег, Жозе Мурињо, во септември 2007 година. Мурињо кормилото на лондонскиот клуб тогаш го напушти по несогасувањата со сопственикот, Роман Абрамович.

Претходно Португалецот за 3 години, двапати ја освои Премиерлигата со „сините“, двапати триумфираше со тимот во Лига купот, а освои и еден ФА куп.

За „The Athletic“ детали од заминувањето на Португалецот раскажа ирачот од средниот ред на Челси, Стив Сидвел.

„Сите играчи беа со него, не ја `загуби соблекувалната` како што се пишуваше. Дента кога заминуваше, ја возев мојата сопруга до аеродромот и веста ја чув на радио. Бев шокиран. Не викнаа на состанок, беше чудно да се гледа како се простува. Беше молк во соблекувалната, како некој да умрел. Кога ќе видите јаки луѓе како Дидие Дрогба, Френк Лампард и Џон тери како плачат, јасно ви е дека заминува голем човек“ – рече Сидвел.

Scroll to Top