Top Sport

Дрогба во пензија следната година

Фудбалската легенда Дидие Дрогба најави дека ќе се пензионира следната година по 20 години во врвот на светскиот фудбал.

Фудбалерот на Брегот на Слонова Коска ќе наполни 40 години во март, а во својата кариера играше за Марсеј, Челси и Галатасарај, а стана првиот фудбалер кој е сопственик на клуб оваа година, откако го купи американскиот тим Феникс рајзинг ФЦ, кој настапува во УСЛ лигата (втората американска лига).

Во кариерата тој освои до титула од Лигата на шампионите, четири од Премиер лигата, четири од ФА купот со Челси и трофеј од турската лига со Галатасарај.

„Мислам дека следната година ќе биде мојата последна. Доаѓа време кога едноставно мораш да сопреш. Потребно ми е време за другите проекти, и иако е прекрасно да се игра, на 39 години, почнува малку да ми пречи“, вели Дрогба.

Scroll to Top