Дрон со знамето на непризнаената Херцег-Босна леташе над фубалскиот стадион „Под бијели бријег“ во Мостар за време на дуелот меѓу Зрињски и Сараево, кој гостите го добија со 3:1.
Натпреварот од 12. коло на Премиер лигата на Босна и Херцеговина не беше одбележано со фудбалот, туку со националистички испад. Сараево со 3:1 ги победи лидерите Зрињски и сега е на четвртото место со 20 поени, осум помалку од тимот од Мостар.
Знамето на Херцег-Босна е неуставен симбол по одлуката на Уставниот суд на БиХ, но е честа декорација на натпреварите каде што Хрватите имаат мнозинство.