Играчите на Реал, во саботата, бурно ја прославиле титулата во Лигата на шампионите, а некои од играчите претерале со алкохолот.
На социјалните мрежи се прошири информацијата која потоа ја објавива водечките светски медиуми, дека англиската пејачка со потекло од Приштина Дуа Липа, која го отвори финалето во Киев, завршила во кревет со фудбалерот на Реал, Марко Асенсио.
Овие наводи, атрактивната пејачка веднаш ги демантира преку својот налог на Твитер.
„Не сум го запознала Марко Асенсио и тешко дека некогаш ќе го направам тоа, бидејќи мојот менаџер кој навива за Ливерпул не би ми го простил тоа“, напишала Дуа Липа.