Top Sport

Дуелот Самдорија-Рома би можел да биде одложен

Утрешниот натпревар во Серија А помеѓу Сампдорија и Рома би можел да биде одложен. Локалните власти издале предупредување за црвен метео-аларм.

Во овој регион изминатите денови наврнале големи количини на дожд што во предизвикало поплави. Теренот на стадионот бил под вода, а доколку врнежите продолжат би можеле во целост да ја уништат тревната површина.

Покрај дождот и грмотевиците и силните ветришта можат да бидат пречка за одигрувањето на натпреварот.

Доколку временските прилики не се подобрат дуелот ќе биде одложен.

Доколку пак биде одигран тогаш Клаудио Раниери ќе дебитира на клупата на Сампдорија против клубот каде работеше минатата сезона.

Scroll to Top