Легендарниот напаѓач на Црвена звезда, Душан „Дуле“ Савиќ не е меѓу тие кои жалат за пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз во моменти кога цел свет е во шок по уништувањето на славниот историски споменик.
Савиќ преку порака на Инстаграм ја објаснува причината за ова.
„Гори Нотр Дам во Париз. Се сеќавате ли Французи дека на 11 ноември 2018 година на стогодишнината на победата во Големата војна на таа катедрала го закачивте знамето на нарко-терористичката креатура таканаречената ’држава Косово’. Памет во глава, Бог е голем и гледа сè“, вели Савиќ.