Фудбалскиот клуб Вардар го потврди трансферот на Филип Дурански. Искусниот 32 годишен играч од средниот ред е седмото засилување за Вардар во летниот преоден рок.
Дурански, минатата сезона настапуваше за екипата на Скопје. Во кариерата има настапувано за екипите на Работнички, Силекс и Турново во Македонија каде има забележано близу 200 настапи во првата Македонска лига. Интернационалната кариера ја градеше во Славија Прага (Чешка) Севан (Ерменија) Егнатиа (Албанија), Серед (Словачка) и Олимпијакос Никозија (Кипар).
Вардар лошо влезе во новата сезона, во првите четири кола црвено-црните освоија само еден гол. Викендов, во петтото коло, Вардар ќе игра против Македонија ЃП.