Top Sport

Дуван Запата пред враќање во Наполи

Наполи веќе се договориле со Дуван Запата за враќање на колумбискиот напаѓач на „Сан Паоло“ од Аталанта, јавува италијанскиот „Скај спорт“.

Според нив, Наполи ќе го понудат Роберто Инглезе за Запата, бидејќи поранешниот напаѓач на Киево е „фаворит“ на тренерот на клубот од Бергамо, Џанпјеро Гасперини.

28-годишниот Запата помина пет сезони во Наполи од 2013 до 2018 година, постигнувајќи 14 гола во 54 настапи, но не успеа да се наметне во првиот тим. По ова, тој играше во Удинезе и Сампдорија, пред минатата сезона со 28 постигнати голови да ги предводи Аталанта до пласман во Лигата на шампионите.

Инглезе, пак, имаше 9 гола за Парма минатата сезона, но Наполи не може да си ги приушти 25-те милиони евра за откуп на неговиот договор и тој најверојатно заврши со кариерата во Неапол.

Scroll to Top