Top Sport

Два гола на Пашалиќ, нова победа за Аталанта

Аталанта стигна до 3:1 победа над Специја во меч од 27. коло во италијанската Серија А искачувајќи се на четвртото место на табелата пред комплетното коло овој викенд.

Отпорот на гостите беше „скршен“ за една минута во второто полувреме, кога прво Марио Пашалиќ постигна одличен гол во 54. минута, за веднаш потоа Луис Муриел да зголеми на 2:0. Пашалиќ во 73. минута даде уште еден гол пред гостите во 82. минута преку Пиколи да напалат на 3:1.

Аталанта е четврта на табелата со 52 поени, колку што има и Јувентус на третото место (со два натпревари помалку) и два пред Рома (со еден натпревар помалку). Специја се на 16. место со 26 поени, шест над зоната за испаѓање.

Scroll to Top