Top Sport

Два меча казна за глупоста на Виктор Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, соиграчот на нашиот Елиф Елмас е суспендиран на два меча во Серија А поради директниот црвен картон заработен во воведното коло на мечот со Венеција.

Нигерискиот напаѓач беше исклуен во 23. минута откако со рака без топка го удри белгискиот фудбалер Дан Хејманс.
Хејманс го блокираше при еден корнер, а напаѓачот го оттурна за што заработи директен црвен картон.

Доколку упатената жалба не биде усвоена, Осимен ќе ги пропушти дуелите против Џенова нагости, но и дербито со Јувентус на „Диего Марадона“ стадионот во Неапол.

Ова не е првпат Осимен да го остави „тимот на цедило“.

За потсетување, Нигериецот во Наполи дојде како најскапото засилување на екипата во историјата на клубот за 70 милиони евра.

Scroll to Top