Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Италија на два натпревари го суспендираше напаѓачот на Милан Гонзало Игуаин. Аргентинецот, на дербито со Јувентус одиграно во неделата, доби црвен картон поради неспортско однесување.
„Игуаин е казнет поради протестот, со кое искажа непочитување кон судијата. Тој заканувачки настапи кон главниот судија“, стои во дел од соопштението на Дисциплинската комисија.
Аргентинецот нема да биде во составот на Милан, на натпреварите притив Лацио и Парма, а ќе конкурира за место во составот за натпреварот со Торино на 9.декември.
Милан, по поразот од Јувентус (0:2), четвртото место му го препушти на Лацио.