Играчот на аргентинскиот нисколигаш Мадариага, Нестор Мартин Алегре успеа да добие два жолти картони и да биде исфрлен од игра само 10 секунди по влегувањето.
Алегре влезе како зазмена во мечот со Тиро Федерал минатиот викенд, и веднаш доби жолт картон за влегување на теренот пред неговиот соиграч да излезе. Играчот од средниот ред остана 10 секунди на теренот кога доби втор жолт картон поради дофрлање до судијата поради картонот.
Технички, ова не е светски рекорд. Кеит Гилеспи доби црвен картон за нула секунди, откако го удри со лакт Стивен Хант пред да влезе во игра на полувремето за Шефилд јунајтед во 2007 година. Исто така, напаѓачот на англискиот нисколигаш Крос Фарм Парк Селтик, Ли Тод тврдеше дека бил исфрлен од игра пред стартот на мечот кога опцул откако судијата свирнал со свирчето до неговото уво.
Во сеќавање ќе остане и исфрлањето на поранешниот дефанзивец на Болоња, Џузепе Лоренцо кој доби директен црвен картон во 1990 година по точно 10 секунди откако со нога го погоди противникот во лице.