Top Sport

Двајца Белгијци доаѓаат во Интер?

Интер по доаѓањето на Антонио Конте е врати во врвот на италијанскиот фудбал. Сезонава тие се конкуренти за освојување на титулата. Во моментов имаат три поени помалку од лидерот Јувентус.

Желбата на Конте е во наредните години Интер да стане доминантна сила во Италија. За таа цел тој донесе тројца играчи во зимскиот преоден рок (Јанг, Мозес, Ериксен), а веќе ги планира летните засилувања.

Конте заедно со мајсторот за трансфери на слобидни играчи Бепе Марота има намера на „Џузепе Меаца“ да ги донесе Белгијците Дрис Мертенс и Јан Вертонген. На овие двајца на крајот од сезоната ќе им завршат обврските кон Наполи, односно Тотенхем.

Наводно Интер на Мертенс му нудат поголема годишна плата од онаа што ја има во Наполи, додека „Калчомеркато“ тврдат дека доаѓањето на Вертонген зависи од Диего Годин, односно дали Уругваецот ќе остане во клубот.

Токму Наполи е вториот тим со кого се поврзува Вертонген, додека за Мертенс се интересирале уште Челси и Монако.

Scroll to Top