Иако постојано се тврдеше дека поранешниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори починал ненадејно во сон во својата хотелска соба на 4 март 2018 пред мечот со Удинезе, во Италија се поведе постапка против двајца доктори за „убиство од небрежност“.
Јавното обвинителство во Фиренца потврди дека разгледува двајца доктори кои издале сертификати дека 31-годишниот поранешен италијански репрезентативец е физички подготвен и покрај доказите дека имал проблеми со срцето.
Аутопсијата по смртта утврди дека Астори починал од брадиаритмија, состојба со која срцето толку се успорува што може да сопре, но причините за ова остануваат нејасни. Астори, кој исто така играше за Милан и Рома и остана зад себе сопруга и двегодишна ќерка, беше во Фиренца осум години.
Оваа истрага почнува откако весникот „Ла национе“ објави детали од два ЕКГ теста извршени на фудбалерот во јули 2016 и јули 2017 година, во кои има докази дека тој имал аритмија.
Девојката на Астори: Не можам да поверувам дека замина на таков начин
Два месеци по трагичната смрт се огласи семејството на Астори