Top Sport

Двајца фудбалери на Парма се позитивни на корона вирусот

Парма објави дека двајца нивни фудбалери се поставени во изолација откако имале позитивни тестови на КОВИД-19 при масовното тестирање на 60-те вработени во клубот пред утрешното враќање на тренинзи.

Двајцата фудбалери немаат симптоми, но ќе мораат да бидат во карантин.

„Двајцата беа позитивни на првиот тест и негативни на вториот кој беше направен 24 часа подоцна. Спортистите се во одлична физичка состојба и немаат симптоми, но ќе мораат да бидат во изолација“, објавија од клубот.

Остатокот од тимот од утре ќе оди на групни тренинзи. Негативниот тест кој следува по позитивниот може да значи дека двајцата се целосно здрави.

Scroll to Top