Top Sport

Двајца навивачи на Вест хем претепани во Германија

Двајца навивачи на Вест хем јунајтед завршија во болница, откако биле нападнати од група од 30-тина луѓе во средата навечер пред денешниот меч на „чеканите“ против Ајнтрахт Франкфурт од Лига Европа.

Навивачите биле начекани од група на навивачи на Ајнтрахт , откри локалната полиција, објавувајќи дека се работи за „срам“ за градот и потврдувајќи дека повеќе од 30 луѓе се уапсени.

Во четвртокот, повторно имаше најави за конфликти во Франкфурт, откако група од 800 фанови на Вест хем, се обидоа да се пресметат со домашните навивачи, пред да реагира полицијата.

„Се срамиме од овие навивачи на Франкфурт. Не би сакал да ги наречам фанови. Нивното однесување кој навивачите на Вест хем беше ужасно, ги нападнаа само бидејќи навиват за противникот и бидејќи се од Англија. Наместо да имаме прослава на големиот меч, имаме ваква ситуација“, изјави шефот на полицијата во Франкфурт, Томас Холербах.

Scroll to Top