Тандемот од Кристал Палас наскоро ќе им се приклучи на Манчестер Јунајтед, тврдат неколку англиски медиуми. Станува збор за бековите на екипата од Лондон Арон Ван-Бисака и Патрик Ван Анхолт.
Сезоната што ќе се обидат што поскора да ја заборават во Манчестер Јунајтед ќе предизвика големи промени во ростерот на „црвените ѓаволи“. Долга е листата на оние што ќе го напуштат „Олд Трафорд“, а во исто време најмалку пет нови играчи ќе пристигнат во клубот.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер реконструкцијата ќе ја започне од одбраната, поточно од бековските позиции.
Манчестер Јунајтед биле подготвени да им понудат 50 милиони фунти за Ван Анхолт и Ван-Бисака. Двајцата одиграа одлично оваа сезона, поради што не е логично дека Кристал Палас би прифатиле понуда од 50 милиони фунти за бековската двојка.
Ван Анхолт и во текот на сезоната се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, додека 21 годишниот Ван-Бисака интересот не само на Јунајтед туку и на уште неколку други екипи го заслужи со добрата форма, која му донесе и повик во англиската репрезентација.