Вечерва, во Серија А, на програмата е дербито помеѓу Милан и Јувентус. Фудбалерите на Јувентус, пристигнаа во Милано, откако утринските тестови не откриле нови заразени со корнавирусот. Позитивни на Ковид-19 се само Алекс Сандро и Хуан Квадрадо, кој секако ќе го пропуштеше натпреварот, поради суспензија.
На неполни осум часа пред почетокот на натпреварот, Милан открија дека има позитивни во нивниот тим. Анте Ребиќ и Раде Круниќ, биле позитивни на тестирањето пред натпреварот. Двајцата немале никакви симптоми, но веднаш биле испратени во карантин.
Проблем за Милан е што тренерот Стефано Пиоли ги планираше Ребиќ и Круниќ да го започнат натпреварот со Јувентус.