Како уште еден доказ дека Премиер лигата можеби не е најквалитетната, но дефинитивно е најинтересната од големите европски лиги, Тотенхем и Вест Хем се „натпреваруваа“ кој ќе постигне поубав гол во 1:1 ремито на „Вембли“.
Педро Обианг го „шокираше“ Уго Љорис во 70. минута од мечот во првиот удар на Вест Хем на голот на домаќинот, за да најави дека тимот на Дејвид Мојс може да си замине со трите поени од тешкото гостување, но тоа не беше доволно за сензација, откако во 84. минута, Кореецот Сон Хеунг-Мин да врати со уште еден сензационален гол за израмнување.
Со седмото реми оваа сезона, Вест Хем се искачи едно место на табелата, и сега е на 15. место со 22 поени, само еден поен повеќе од шестнасетопласираниот Бурнемаут. Тотенхем, кои веќе загубија од Вест Хем со пресврт во Лига купот, ја прекинуваат низата од три победи. „Спарси“ остануваат на петтото место со 41 поени, 3 помалку од четвртопласираниот Ливерпул.