Top Sport

Две недели без фудбал во Шпанија

Раководството на Ла Лига и Здружението на професионални фудбалери заеднички донесоа одлука сезоната да биде суспендирана во наредните 14 дена.

Поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот, во наредните две недели, во Шпанија нема да се играат натпревари во Ла Лига и Сегунда.

Инаку од утрово во карантин се играчите на Реал Мадрид, откако било утврдено дека член на кошаркарската секција е заразен со опасниот вирус. Фудбалерите и кошаркарите на Реал ги делат истите простории.

Покрај Шпанците, своите првенства веќе ги суспендираа Италијаните и Швајцарците. Наскоро се очекува слични одлуки да донесат и останатите, додека најавите се дека Премиер лигата ќе се игра, но зад затворени врати.

Scroll to Top