Top Sport

Двојна прослава – по Копа Либертадорес, Фламенго денес ја освоија и бразилската круна

Додека траеше прославата на титулата од Копа Либертадорес со парада низ Рио де Жанеиро, навивачите на Фламенго добија уште една причина за славење, откако ја освоија титулата од Бразилската Серие А бидејќи нивните најблиски конкуренти, Палмеирас загубија со 2:1 од Гремио.

Евертон Себолиња од пенал во 68. минута донесе водство за Гремио, а иако Бруно Енрике израмни во финишот на мечот (исто така од пенал), Пепе го постигна победничкиот гол во 93. минута за Палмеирас да стане трагичар да дента, додека „црвено-црните“ прославуваа низ улиците на Рио за својата седма бразилска титула.

Стотина илјади фанови на Фламенго ги пречекаа шампионите на улиците на Рио (галерија)

Scroll to Top