Top Sport

Двомечот Хрватска-Грција без гостински навивачи

Фудбалските сојузи на Хрватска и Грција во пресрет на бараж-двомечот за пласман на Светското првенство во Русија постигнале договор дуелите да се играат без присуство на гостински навивачи.

Состанокот на челните луѓе на двата сојуза е одржан во Атина во полициско присуство бидејќи дуелите помеѓу Хрватска и Грција се прогласени за натпревари од висок ризик.

„Земајќи ги предвид сите фактори на ризик и процени за безбедноста, заедничка одлука е на натпреварите во Загреб (9 ноември) и Атина (12 ноември) да не бидат отворени трибините за гостински навивачи, односно нема да им бидат продавани билети на гостинските навивачи“, се наведува во соопштението.

За постигнатиот договор двете страни ги информирале сите надлежни органи, вклучувајќи ги ФИФА и УЕФА.

Scroll to Top